Бајден се сретна со двајца украински министри во Варшава: Продолжува поддршката

од Nikola Popovski
264 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со украинскиот министер за надворешни работи и министерот за одбрана во саботата во Варшава по повод нивната средба со американските колеги.

Бајден, на кого ова му беше прва средба со високи украински претставници од почетокот на војната, неформално разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на долга маса на која присуствуваа и украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, американскиот државен секретар Антони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин.

Кулеба и Резников пристигнаа во Варшава ненајавено. Средбата се одржа во салата на хотелот во Варшава каде Бајден ја помина ноќта и каде се вееја украински и американски знамиња.

Четворицата министри „разговараа за исходот од самитот на НАТО на 24 март во Брисел и непоколебливата посветеност на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Блинкен и Остин „ја ветија континуираната поддршка во исполнувањето на хуманитарните, безбедносните и економските потреби на Украина“, се вели во соопштението.

Американскиот претседател се сретна со министерот за надворешни работи на Украина во Вашингтон на 22 февруари, два дена пред почетокот на руската инвазија.

Блинкен потоа се сретна со Кулеба во Полска, на границата со Украина, на 5-ти март.

Американскиот претседател, кој пристигна во Полска во петокот по серијата меѓународни состаноци во Брисел, во сабота треба да разговара со полскиот колега Анджеј Дуда, да ги посети украинските бегалци во засолништето отворено на државниот стадион во Варшава и да одржи говор во Кралскиот Палата во Варшава.

Посетувајќи ги американските војници од 82-та воздушно-десантна дивизија стационирана во југоисточна Полска еден ден претходно, Бајден го пофали отпорот на украинскиот народ, кој рече дека го потсетува на настаните од плоштадот Тјенанмен во Пекинг од 1989 година и го нарече рускиот претседател Владимир Путин „воен злосторник“.

„Вие сте во центарот на битката меѓу демократиите и автократиите“, им рече тој на војниците.

„Тоа што го правите е важно, навистина важно“, додаде Бајден.

Фото: Brendan Smialowski/AFP

Слични содржини