217
Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека тој и првата дама Џил Бајден биле „потресени од бесмисленото вооружено насилство“ што уште еднаш ја растажи американската заедница на Денот на независноста.
Откако најмалку шест лица загинаа, а 24 се ранети во пукање во предградијата на Чикаго за време на парадата на Денот на независноста на САД, Бајден рече дека ги повикал федералните органи за спроведување на законот да помогнат во потрагата по напаѓачот, пренесува „Ројтерс“.
Портпаролката на болницата изјави дека се повредени 31 лице.
Американската полиција објави дека го уапсила Роберт Кримо, кој е осомничен за нападот.