Бајден: Сметам дека Путин изврши воени злосторства

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не гледа добра причина да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин кон средината на следниот месец на самитот на Г-20 во Индонезија, додека вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да ја исклучи таа средба.

„Се зависи од тоа за што Путин би сакал да разговара. Ако сака да разговара за затворената американска кошаркарка во Русија, Бритни Грајнер, тогаш би можеле да разговараме. Но, слушајте, неговите постапки се брутални. Сметам дека извршил воени злосторства , така што не гледам рационална причина да се сретнам со него сега“, изјави Бајден за Си-Ен-Ен.

Во врска со војната во Украина, Бајден рече дека не верува оти Путин ќе употреби нуклеарно оружје.

Слични содржини