Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа приреди прием за светските лидери кои присуствуваа на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Техничкиот премиер на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека „американскиот претседател е голем пријател на Црна Гора“. „Во кус разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден и првата дама Џил Бајден, Абазовиќ рекол дека американскиот претседател е голем пријател на Црна Гора, на што Бајден потврдно одговорил: „Да, сум! Убаво е да се види млад премиер“, соопштија од кабинетот на Абазовиќ.
Абазовиќ, како што наведоа, на американскиот претседател му порачал дека „Црна Гора ќе се бори против организираниот криминал и корупцијата, за што треба да помогнат и Соединетите Американски Држави“.
Техничкиот премиер нагласил и дека државата Црна Гора ќе го зачува евроатлантскиот надворешнополитички курс.
Sa @POTUS @JoeBiden i prvom damom #USA🇺🇸 @FLOTUS.
Zadovoljstvo je biti u društvu velikih prijatelja Crne Gore! pic.twitter.com/cMLM4Qo4LS
— Dr Dritan Abazovic (@DritanAbazovic) September 22, 2022
„Приемот се одржа во Американскиот природонаучен музеј, каде премиерот заедно со советникот за надворешна политика Ѓорѓе Радуловиќ разговараше и со Чарлс Мишел, претседател на Европскиот совет, Хавиер Бетел, премиер на Луксембург, принцот Алберт Втори од Монако, претседателката на Република Косово Вјоса Османи и други“, соопшти Кабинетот на Абазовиќ.