141
Американскиот претседател Џо Бајден ќе носи маска во следните 10 дена кога ќе биде во затворена просторија, изјави претставник на Белата куќа откако првата дама Џил Бајден денеска повторно беше позитивна на корона вирусот.
– „Првата дама нема симптоми на ковид-19 и ќе остане во изолација“, потврди Келси Донаху, заменик директор за комуникации на првата дама на САД, пренесува Ројтерс.
Белата куќа најави дека претседателот Бајден во наредниот период ќе биде често тестиран, а јавноста ќе биде информирана за резултатите.