Американскиот претседател Џо Бајден денеска накратко разговарал со новинарите и им рекол: „Владимир Путин е воен злосторник!“.
Бајден разговарал со новинарите во Белата куќа и за прв пат го нарекол рускиот претседател воен злосторник. Белата куќа досега избегнуваше да го користи тој термин.
NEW: Biden briefly speaks to reporters and says Vladimir Putin IS a war criminal
— Jonathan Lemire (@JonLemire) March 16, 2022
Бајден претходно одобри испраќање дополнителна воена помош од 800 милиони долари за Украина, „невиден“ пакет од 1 милијарда долари неделно за да се запре руската инвазија.
„На барање“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој утрово во говор до американскиот Конгрес побара дополнителна помош, претседателот на САД пред камерите потпиша текст со кој се овозможува испраќање на нова опрема.
Но, тој не се согласи со барањето на украинскиот претседател да се воспостави зона забранета за летови над Украина, што не е изненадувачки, затоа што таквата одлука ќе доведе до директен конфликт со Москва и, како што рече Бајден, до „трета светска војна“.
Сепак, американскиот претседател вети дека ќе и помогне на украинската војска да набави подобра опрема, особено во одбраната од опасностите што демнат на небото. САД ќе и помогнат на Украина да набави системи за воздушна одбрана со „подолг дострел“, како што побара Киев, информира Бајден.