„Бајден треба да ја бомбардира Куба како тоа што го направи Клинтон врз Југославија во 1999 година“

од Nikola Popovski
279 прегледи

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез го повикува американскиот претседател да примени воена опција против режимот во Хавана, Куба.

Tој го повика Бајден, да ја искористи воената опција и да изврши воздушни напади за поддршка на антикомунистичките протести на овој карипски остров. Суарез (43), адвокат роден во Мајами, чиј татко емигрирал од Куба, за Фокс њуз изјави дека Бајден треба да разгледа воена опција.

– Она за што треба да мислиме сега е коалиција на потенцијални воени акции во Куба, слично на она што се случи порано кога републиканците и демократите беа на власт. Мислам на инвазијата на Панама, која беше извршена под администрација на Џорџ В. Буш и бомбардирањето на Југославија за време на војната во Косово во 1999 година. Тoj го собори Нориега и таа земја имаше мирна демократија со децении, а претседателот Бил Клинтон спречи хуманитарна криза во Косово – рекол Суарез.

Потоа градоначалникот сакал да ја повлече претходната изјава, коментирајќи за дневниот весник „Мајами хералд“, дека не е за бомбардирање затоа што не е воен експерт.

Владата на Куба соопшти дека еден човек починал на антивладините протести, додека групите за човекови права велат дека биле уапсени повеќе од сто луѓе.

Демонстрантите се бунтуваат против недостатокот на храна, високите цени, проблемите со напојувањето со електрична енергија и начинот на кој Владата се справува со пандемијата на корона вирус.

Слични содржини