Претседателот на САД, Џо Бајден, укина серија одлуки донесени од неговиот претходник во Белата куќа, Доналд Трамп, вклучително и декрет за забрана за влез на имигранти во САД кои не можат да си дозволат здравствено осигурување.
„Мојата администрација е посветена на тоа да добие квалитетно, достапно здравствено осигурување за луѓето во САД, вклучително и државјани кои не се од САД“, рече Бајден откако ја повлече одлуката, објави Би-Би-Си.
Бајден исто така ја поништи одлуката во врска со гонењето и казнувањето на вандалите кои ги оштетуваа спомениците, што Трамп ги донесе минатата година за време на немирите кога статуите беа уништени по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд кога беше убиен од полицаец.
Одлуката на Трамп уследи откако демонстрантите ги срушеа статуите посветени на офицерите на Конфедерацијата во граѓанската војна во САД.
Меѓу указите што се повлечени е и онаа што се однесува на подигнување бисти на одредени американски историски личности избрани од Трамп.
Бајден, меѓу другите, го укина указот насочен кон „цензурирање“ на социјалните мрежи.