Бајден: Вашингтон не се обидува да се дистанцира од Кина, туку напротив, да ги подобри односите

од Radmila Tasevska
172 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека САД не сакаат да се дистанцираат од Кина, туку напротив, сакаат да ги подобрат односите.

Бајден го изјави ова пред утрешната средба со неговиот кинески колега Си Џинпинг во Сан Франциско.

– Не се обидуваме да се дистанцираме од Кина. Она што се обидуваме да го направиме е да ги подобриме нашите односи, рече Бајден.

Американскиот претседател изрази надеж дека средбата ќе им помогне на двете страни „да ја обноват нормалната комуникација, да можат да кренат телефон и да разговараат меѓу себе доколку има криза“.

Утре во Сан Франциско почнува самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Слични содржини