Бајден во Белата куќа: Кои се првите одлуки што ги потпиша?

од Nikola Popovski
523 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден донесе неколку извршни одлуки во текот на првиот ден од неговиот претседателски мандат. Тоа се задолжително носење маски низ целата земја во федералните институции и организации и враќање на САД во Парискиот климатски договор.

Бајден воведе обврска за носење маски во борбата против коронавирусот во следните 100 дена во сите сојузни згради, како и задолжително физичко дистанцирање. Тој не може да им ја препише таа обврска на сојузните држави, но таа ќе се однесува на целиот федерален имот, вклучувајќи го и патувањето на федерално ниво.

Новиот американски претседател реши да ги врати САД во Парискиот климатски договор, од кој излезе Трамп. Тоа ќе се случи во рок од 30 дена, беше истакнато во неговата одлука. Тој исто така им наредил на федералните агенции да ја испитаат расната еднаквост.

Слични содржини