Бајден: Во понеделник ќе формираме Кризен штаб за коронавирусот

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден рече дека ќе формира кризен штаб за коронавирусот веќе во понеделник, кој ќе собере научници и експерти да се борат против главниот предизвик со кој се соочуваат американските власти.

„Во понеделник, ќе воспоставам група составена од научници и експерти, кои ќе работат на план што ќе стапи во сила веќе на 20 јануари 2021 година, на денот на неговата инаугурација, рече Бајден синоќа пред големата толпа во Вилмингтон, Делавер.

За време на претседателските избори во земјата, забележан е значителен скок на епидемијата, со рекорден број на новозаразени лица во последните неколку дена.

Така САД, во изминатите 24 часа, забележаа повеќе од 122.000 новозаразени со коронавирус, според пресметките на агенцијата Франс прес, врз основа на податоците на референтниот универзитет „Џонс Хопкинс“.

Во претходните 24 часа, 991 лице почина од вирусот во САД, која е најсилно погодената земја во светот според бројот на смртни случаи и инфекции.

До саботата вечер, во САД се регистрирани повеќе од 237.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата и 9,8 милиони случаи на заразени.