Бајден во понеделник ќе го прими кралот на Јордан

од Radmila Tasevska

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделник на 12 февруари ќе го прими јорданскиот крал Абдула Втори, соопшти денеска Белата куќа.

Главна тема на нивните разговори ќе биде војната во Појасот Газа меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас.

„Двајцата ќе разговараат за актуелната ситуација на крајбрежната палестинска територија и напорите за трајно решавање на кризата“, се вели во соопштението.

Белата куќа посочи дека средбата ќе даде можност да се разговара за „американските напори за поддршка на палестинскиот народ“, како и за „идејата за траен мир преку решение со две држави (на израелско-палестинскиот конфликт), гарантирајќи ја безбедноста на Израел“.

Двајцата лидери ќе бидат придружувани од нивните сопруги – првата дама на САД, Џил Бајден и јорданската кралица Ранија.

Слични содржини