Бајден во солзи одржа говор пред инаугурацијата: Жалам само за една работа (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
276 прегледи

Во пресрет на заминувањето за Вашингтон, каде утре ќе биде инаугуриран како 46. претседател на САД, Џо Бајден одржа емотивен проштален говор во неговиот град Вилмингтон, Делавер, за време на кој не можеше да ги задржи солзите.

 

„Во нашето семејство, вредностите што ги споделуваме, карактерот кон кој се стремиме, начинот на кој гледаме на светот – сè доаѓа од дома. Сè доаѓа од Делавер“, им порача Бајден на своите сограѓани во државата што за прв пат го избра за сенатор кога имал 29 години.

 

„Извинете за емоциите, но кога ќе умрам на моето срце ќе пишува Делавер“, рече тој, бришејќи ги солзите.

 

Во друг емотивен момент, Бајден рече дека му е жал само што неговиот покоен син Боу Бајден не е присутен во овие моменти.

 

„Дами и господа, само жал ми е што тој не е тука затоа што него треба да го претставиме како претседател“, рече Бајден.

 

Боу имал 46 години кога починал од рак на мозок.

 

„Знам дека времињата се мрачни, но секогаш има светлина. Тоа е она што ја прави оваа земја толку посебна. Ме научи, ме научи најмногу – секогаш има светлина“, им порача Бајден на собраните.