Бајден за наводното убиство на Американец од страна на Хамас: Ми се крши срцето, работиме да ги вратиме сите заложници дома

од Radmila Tasevska

Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека „му се крши срцето“ од извештаите за тоа дека Американецот Гед Хагеј наводно бил убиен од палестинската милитантна група Хамас за време на нападот на Израел на 7 октомври. Тој уште еднаш повтори дека САД работат на тоа да ги вратат сите заложници дома.

Претходно се сметаше дека Хагеј, 73 – годишен носител на американско и израелско државјанство, заедно со неговата жена биле земени во заложници.

– На Џил и мене ни се кршат срцата за веста за тоа дека Американецот Гед Хагај, како што сега се смета, бил убиен од Хамас на 7 октомври. Продолжуваме да се молиме за здравјето и безбедно враќање на неговата жена Џуди, се вели во соопштението на претседателот објавено синоќа од Белата куќа.

Бајден изјави дека минатата недела говорел со нивните семејства.

– Тие храбро го споделија своето стравично искушение додека чекаат вести за нивните најблиски. Тоа не се трпи. Денеска се молиме за нивните деца, седум внуци и нивните најблиски и по лошата вест тагуваме заедно со нив, рече Бајден.

Тој уште еднаш повтори дека администрацијата „работи нон-стоп“ да ги врати сите заложници дома.

Според израелското издание „Харетц“, жената на Хагај,  Џудит Вејнштејн, се уште е во заложништво во појасот Газа.

Изјавата на Бајден не содржи други подробности за тоа што се случило со Хагај.

Слични содржини