Бајден заспа и на климатскиот самит, го разбуди неговиот помошник (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
1,K прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден, како што изгледа на видеото од климатскиот сами во Глазгов, кое кружи на социјалните мрежи, повторно заспал при почетните говори на отворањето на тој собир.

Бајден е снимен како седи со скрстени раце и постепено заспива додека се бори да ги држи очите отворени, пренесува лондонски „Мирор“.

На видеото кое го сподели новинар на „Вашингтон пост“, се гледа како 78-годишниот Бајден дреме, по што му приоѓа помошник кој го буди.

Бајден потоа ги отвори очите, ги спушти рацете, а потоа му аплаудирал на говорникот кој ја заврши својата презентација.

„Ух, тоа не е најдоброто издание кога се обидувате да му кажете на светот да се разбуди“, напиша британскиот новинар Пирс Морган, кој го ретвитна видеото.

Видеото се појави и на Твитер профилот на „Скај Њуз“.

Слични содржини