220
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не сакал да слуша“ кога американските разузнавачки служби собрале информации дека Русија подготвува инвазија на Украина.
„Ништо вакво не се случило од Втората светска војна. Знам дека многу луѓе мислеа дека можеби претерувам“, рече Бајден, обраќајќи им се на донаторите во Лос Анџелес, кои треба да соберат средства за Демократската партија.
Тој додаде дека знаел оти САД имаат информации дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја премине границата.
– Немаше сомнеж, но Зеленски не сакаше да слуша – рече Бајден.