БАКАЛ не е само ресторан, туку цела приказна!

од Vladimir Zorba
238 прегледи

 

Ресторанот Бакал е како мало островче во тетовското село Брвеница. Тоа не е само ресторан, туку цела приказна..Секој што ќе влезе внатре има чувство како да стапнува на друга земја, оти егзотичните растенија и жуборот на водата кои создаваат рајска градина навистина даваат посебен амбиент. Фонтаната, во ресторанот само ја надополнува приказната.  И надворешниот дел и внатрешноста се одликуваат со елегантно уреден простор со големо чувство за естетика.

Bakal_-_Brvenica_3

Посетителите имаат чувство дека се наоѓаат во некој екстра луксузен ресторан во странство. Покрај амбиентот ваквата слика ја надополнува и услугата и храната во ресторанот. Се е свежо и убаво приготвено. На менито има традиционална храна, интернационална, вегетаријанска, за секого по нешто. Свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба, деликатеси како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе.

Нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, тренинг и дружење со вработените,  дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубавата атмосфера секој деловен состанок се претвора во позитивно искуство и конструктивен разговор.

Bakal_-_Tetovo

Интересен детаљ се прекрасните растенија и секако внатрешниот ентериер кој е направен со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов.

8

Доколку сакате да побегнете одградската бучава и да поминете неколку часа во еден уникатен и релаксирачки амбиент,  и да уживате во добрата храна, тогаш ресторанот Бакал е вистинското место за Вас.