Бакингемската палата доби нови станари (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Познато е дека кралот Чарлс е голем љубител на кучиња, како и неговата мајка, неодамна починатата кралица Елизабета Втора. Таа сакаше корги, а сегашниот крал Чарлс го имаше лабрадорот Харви.

Бет и Блубел, два Џек Расел териера посвоени од кралот Чарлс Трети и Камила во 2017 година, сега ќе живеат во Бакингемската палата.

Ова е прв пат во нејзината долга историја, во Бакингемската палата да се вселат посвоени кучиња.

Пред да бидат посвоени од кралската двојка преку движењето за спасување животни, Бет била напуштена, а Блубел била пронајдена во шумата, без крзно и со рани по телото.

Двата Џек Расел териера закрепнаа со многу љубов и внимание, па се појавија на насловните страници на островските медиуми.

Слични содржини