Бакингемската палата му ја избриша титулата „принц“ на Хари на веб-страницата на кралското семејство

од Stefanija Kuzmanovska
559 прегледи

Бакингемската палата „во тишина“ му ја избриша титулата принц на Хари на веб-страницата на британското кралско семејство, иако според договорот од 2020 година тој и сопругата Меган Маркл би можеле да ги задржат титулите „кралско височество“, но да не ги користат во јавноста, бидејќи се откажаа од своите должности, пишува денеска лондонски „Дејли Меил“.

И покрај тоа, Хари беше потпишан како принц на веб-страницата на кралското семејство во последните три години, но по низа промени, таа титула повеќе не е прикачена на неговото име.

Промените на веб-страницата на кралското семејство се знак на дистанцирање од Хари и Меган, велат експертите.

Биографиите на парот се преместени на дното на страницата, па седат до биографиите на војводата од Кент и принцот Ендру.

На Меган Маркл, војвотката од Сасекс, титулата принцезa ѝ беше отстранета пред три години.

Слични содржини