194
Бакингемската палата објави детали за крунисувањето на кралот Чарлс Трети, кое се очекува да биде помалку екстравагантно од церемонијата на крунисување на неговата мајка, кралицата Елизабета пред 70 години.
Новиот крал ќе биде крунисан во сабота, на 6 мај, кога ќе се одржи „Голем ручек по повод крунисувањето“, следниот ден ќе се одржи „Концерт по повод крунисувањето“, а празник ќе биде и понеделник по концертот, кога јавноста ќе биде поканета да се приклучи во „голема помош“, односно во добротворна работа во локалните заедници, пренесе CNN.
Палатата соопшти дека самото крунисување ќе биде „свечена верска служба, како и повод за прослава“ и дека церемонијата ќе ја води надбискупот од Кентербери, Џастин Велби.