Погрешно е дека јас и локалната самоуправа го уништива охридското крајбрежје.Тоа го прават некои други. Студенчишко блато е уништувано со години со депонирање на стотици кубици ѓубришта, милиони кубици градежен и комунален отпад. Тоа се случувало најмалку 15 години наназад.Кој тоа го дозволил , е клучното прашње насловено „грижа“ прашува градоначалникот на Охрид Никола Бакрачевски, во едно пошироко интервју за локално.мк, во рамки на проектот за „Заштита на животната средина“.
За мрестење на крапот таа приказна е фиктивна и одамана заборавена , а ако некој мисли поинаку нека дојде нека ми покаже каде тоа во Студентчишко блато се мрести крапот- отворено прашува Бакрачевски
Урбанизација „ала Дубаи“ кому му е потреба, и наместо Субрата РОЈ, сега имаме „ РОЈ од субрати“ кој го узурпираат крајбрежјето?
„Да, почекаме! Нема да има узурпација и на крајбрежјето, за се тоа ќе треба да се согласат и граѓаните и еколошка катастрофа нема да дозволиме, и покрај измените на ГУП, кои ги бараат од нас, Запаметете го ова што го зборувам“, вели градоначалникот на Охрид Никола Бакрачевски.
Граѓаните можат најмногу да помогнат за одбрана на Охрид , заедно со законската регулатива .Значи општите потреби на градот и на граѓаните, следејќи ја и развојната компонента и ние од тоа ние не отстапуваме.Ние сме пред се за културен туризам вели Бакрачевски.
Погледнете само дел од тврдењата на Бакрачевски на темата заштита на животната средина, кои целосно ќе ги емитуваме во серијалот „ Најзагадени градови и најзагорозена животна средина во Македонија“