Бактериите меѓусебно „разговараат“ за да ги координираат акциите

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Група американски научници неодамна утврдија дека бактериите користат електрични сигнали за да „разговараат една со друга“. Таа способност им овозможува на колониите од неколку милијарди единки да ги усогласат своите акции, поради што стануваат некој вид „микробиолошки мозок“.

Rod shaped bacillus bacteria

Научниците во студијата објавена во списанието „Nature“ претпоставуваат дека дури и одвоените колонии можат да остварат меѓусебна комуникација и да ги усогласат акциите.

Бактериите меѓусебно разменуваат сигнали по пат на јонот на натриум, наелектризиран атом. Тоа им овозможува на бактериите во центарот на колонијата да им „јават“ на тие од периферната зона дека се „гладни“. Тогаш бактериите од периферната зона престануваат да ги користат нутриентите кои им се потребни за делење, формираат нови клетки и раст на колонијата. Нутриентите се проследуваат до бактериите во центарот.

Научниците за да го потврдат механизмот за комуникација го отстраниле каналот кој овозможува проток на јони и комуникацијата престанала