Баку упати ултиматум до Ереван: Имате 10 дена да се евакуирате

од Vladimir Zorba
533 прегледи

Азербејџанските власти и дадоа на Ерменија дополнителни десет дена да ги евакуира своите сили од областа Калбајар во близина на Нагорно Карабах, област што денеска требаше да им биде предадена на азербејџанските сили.

„Од хуманитарни причини, Азербејџан се согласи да го продолжи рокот за повлекување на ерменските вооружени сили и илегалните ерменски доселеници од регионот Калбајар до 25 ноември“, изјави претставникот на азербејџанското претседателство, Хикмет Хаџиев.

Ерменските власти претходно побараа дополнителен рок.

Калбајар е област која требаше да му биде предадена на Азербејџан денес. Уште два окрузи – Агдам и Лачин – треба да прејдат под контрола на Азербејџан.

Ерменските власти ги искористија тие области за да ги распоредат своите сили по конфликтот во 1990-тите за Нагорно Карабах.

Конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија за контрола на Нагорно Карабах заврши неодамна со мировен договор со кој беше признаена победата на азербејџанските сили.

Нагорно-Карабах, територија населена главно со Ерменци, се одвои од Азербејџан, што доведе до војна што однесе 30.000 животи во текот на 90-тите години на минатиот век.

Судирите меѓу ерменските сили и азербејџанската армија беа обновени од септември.

Слични содржини