Бала ги презентираше заклучоците од Конференцијата во Тирана: За да се заштитиме од кибер напади, потребни ни се средства од ЕУ

од Radmila Tasevska
265 прегледи

Домаќинот на Конференцијата на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, албанскиот министер за внатрешни Таулант Бала, ги презентираше 10-те заклучоци од евробалканскиот состанок на министрите за внатрешни работи од Европската Унија, ставајќи акцент на кибер нападите.

Според него, министрите за внатрешни работи договориле координирана соработка меѓу земјите од Европската Унија и Западен Балкан за заштита од организиран криминал и трговија со дрога, под „финансискиот чадор“ на ЕУ.

Бала додаде дека финансиската поддршка на ЕУ е неопходна за зајакнување на капацитетите за заштита од кибер напади, процесот на дигитализација, заштитата на граничната безбедност и имиграцијата.

-Министрите за внатрешни работи се сретнаа во Тирана за да разговараат за конкретни начини за зголемување на соработката и поддршката за спроведување на програмата за внатрешни работи на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес. Министрите ја истакнаа стратешката вредност на зајакнувањето на довербата и подобрувањето на соработката во борбата против транснационалниот организиран криминал, зголемувањето на соработката во сферата на интегрираното гранично управување и истражувањето на други начини за решавање на прашањата за сајбер безбедноста во обид за регионална координација, рече Бала.

Трето, посочи тој, министрите се согласија да имаат посилен фокус на интегрираното гранично управување, вклучувајќи развој на стратегии, понатамошна координација на иницијативите меѓу земјите од Западен Балкан, истовремено барајќи посилна поддршка од ЕУ за зајакнување на капацитетите, процесот на дигитализација, безбедноста и имиграцијата.

-Четврто, со оглед на важноста на постојните планови како што е акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан, имаше договор за одржување на моментумот и правилната работа. За да се адресираат миграциските прашања како неопходност во регионот и потребата за понатамошна поддршка од европските партнери за изградба на системи за размена на информации, заеднички акции и анализа на ризик за ефикасно следење на границите и контрола на криминалите на граничните премини, нагласени како суштински во овој момент, вклучително и обука и опрема што им е потребна, нагласи тој.

Набројувајќи ги заклучоците Бала изјави дека министрите ја истакнале својата решителност во борбата против организираниот криминал кој предизвикува големи финансиски штети и го поткопува правото на граѓаните на безбедност и социјална кохезија и нивната доверба во демократскиот систем и процеси.

-Договрени се заеднички оперативни сили и оценето е дека борбата против криминалот бара заеднички напори. Учесниците ја истакнаа потребата од меѓународна соработка со оглед на транснационалната природа на кибер криминалите. Координирана оперативна и техничка поддршка. Земјите од Западен Балкан побараа да бидат вклучени во мрежата CSIRT, рече меѓу другото Бала.

Искрена благодарност до моите колеги од соседните земји, „Грција, Италија, Црна Гора, Северна Македонија и секако Косово, за контролните операции без пречки што за што јас лично ги испитав на секој државен граничен премин“, рече Бала на крајот и соопшти дека е горд шѕо ја споделува веста дека следната средба на Итерпол ќе се одржи во Албанија во 20024 година.

Слични содржини