423
Најпопуларниот јутјубер на Балканот повеќе не е Бака прасе.
Од тронот неодамна беше симнат од Омер Надаревиќ (Омчо од Бихаќ), кој достигна бројка од два милиони следбеници на таа платформа. Омчо е сопственик на популарниот истоимен канал на Јутјуб, а она што досега не е познато е фактот дека Надаревиќ го основа и „Fat TV“, канал за странскиот пазар кој го следат 3,77 милиони луѓе.
Омчо, според тоа, го следат вкупно 5,77 милиони луѓе на Јутјуб.
Според податоците за „Social Blade“, Омчо во последниот месец имал неверојатни 386 милиони прегледи на странскиот канал, а за две години колку што постои, „FatTV“ има собрано повеќе од две милијарди прегледи.