„Балканска геометрија“ – изложба на Милош Милосављевиќ во МКЦ

од Aneta Risteska
24 прегледи

„Балканска геометрија“ е насловена изложбата на Милош Милосављевиќ, што на 5 февруари, во 20 ч, ќе биде отворена во Младинскиот културен центар.

  • Циклус на слики со наслов „Балканска геометрија” е примерен предмет во уметничките истражувања присутни во моето творештво во период од последните петнаесет години. Во гореспомнатиот циклус, низ автентичен ликовен јазик, во една ликовна целина прикажувам синтеза на различни култури, која се јавува како последица на егзистирање на различни цивилизации на балканскиот полуостров. Чести судири на политички интереси (кои се и денес преприсутни на овие простори), кои неретко резултирале со разорувачки војни, оставиле голем белег, не само на карактеристична шаренолика архитектура на балканските градови, него и на култура и менталитет на балканските народи. Прецизни и сведени линии, во комбиназија со слоевиото обоени форми (на кои обично доминира умерен колорит), формираат строго ограничени геометриски површини, кои го наметнуваат ЅИД како централен објект. ЅИД како таков, представува метафора за дезинтеграциски процеси, поделби, прекројаување на граници.., и други нешта, често присутни на просторот на Балканот, вели Милосављевиќ.

Изложбата ќе трае до 15 февруари

Милосављевиќ во 2008 година магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје со тезата “Урбани здруженија” под менторство на професорот Родољуб Анастасов 2004 : Дипломирал на Факултетот за сликарство на Факултетот за уметности во Ниш, во класата на професорот Ѓуро Радоњиќ

Вонреден професор и декан на Факултетот за дизајн и мултимедија на АУЕ ФОН, Скопје, каде предава курсеви од областа на цртачки, сликарски техники и илустрација.

Наградата за сликарство “Златен лист” му била доделена од страна на Институтот МЕТАНОЈА, Здружението за култура “Транзен“ и Фондацијата “Владимир Георгиевски“, во 2024 година.

Слични содржини