„Балканска патент иницијатива“ е новиот проект на Националната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија (NAIM) кој треба да им обезбеди олеснувања на пронаоѓачите при пријавувањата на нивните патенти во соседните земји, но и пошироко.
„Законот за патенти на Р. Северна Македонија, но и Европската патентна конвенција предвидуваат пријавувањето на домашен патент во друга држава да се врши преку овластен застапник, со што на пронаоѓачите им се зголемуваат трошоците и им се усложнува административната постапка. Со ова пред сè, се погодени иноваторите во својство на физички лица. Ваквата ситуација целосно го блокира протокот на патенти посебно помеѓу државите од бившите ЈУ простори, што е евидентно и лесно проверливо. За среќа, Законот за патенти како и Европската патентна конвенција дозволуваат билатерални државни спогодби, што овој проект го прави лесно остварлив.” – стои во соопштението на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија.