Модните брендови “Балмин” и Н&М ќе ги здружат силите за создавање на заедничка колекција.
Ова го објави главниот дизајнер на “Балмин” Оливер Роустејнг за време на музичките награди на “Билборд” во Лас Вегас.
Според него заедничката работа со H&M ќе им овозможи на повеќе луѓе да допрат до марката. Во исто време креативниот директор на H&M Ан-Софи Јохансон изјави дека модата на Роустејнг поседува уникатен дух и комбинира успешно висока мода со уличен стил, а во исто време се наоѓа во близина на шоу-бизнисот, што ќе ја направи заедничката работа уште поинтересна.
Меѓу најпознатите обожаватели на “Балмин” се Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Кание Вест.
Ова не е прв пат, во кој брендот работи со други познати дизајнери. Досега модни линии за него правеле и Карл Лагерфелд, Стела Макартни, Донатела Версаче и Александер Вонг.