Големите балтички ланци на супермаркети соопштија во четвртокот дека ќе ги отстранат производите од руско и белоруско потекло од полиците поради руската инвазија на Украина.
„Оваа одлука ја донесовме откако руските трупи ја нападнаа Украина од руска и белоруска територија“, изјави Ернеста Дапкиен, портпаролка на најголемиот литвански ланец на супермаркети Максима.
Производите од Русија и Белорусија, главно алкохолни пијалоци, учествуваат со само 1,3 отсто од продажбата на Максима, пренесува „N1“.
Рими, уште еден голем трговски ланец, соопшти дека ќе ги отстрани руските производи од своите продавници во Литванија, Латвија и Естонија.
„Ги цениме и почитуваме различните мислења и целосно го поддржуваме изнаоѓањето мирни решенија во сите конфликтни ситуации. Затоа, прекинот на соработката со руските компании ни се чини логичен и неопходен потег во сегашната ситуација“, изјави Ваидо Падумае, извршен директор на Рими Естонија.
ЕУ најави нови санкции против Белорусија поради улогата на Русија во рускиот напад врз Украина. Украинската гранична служба објави дека руските војници, со белоруска поддршка, ја користеле Белорусија како една од влезните точки.
САД во четвртокот воведоа санкции за 24 белоруски граѓани блиски до претседателот Александар Лукашенко и две државни банки.