Балтичките држави се плашат дека Русија ќе им испраќа мигранти за да ги дестабилизира

од desk3
65 прегледи

Естонија, Латвија и Литванија ја затегнуваат контрола за проверка на идентитетот и градат огради по источните граници поради загриженоста дека Балтичкиот регион ќе стане нов влезен пункт за бегалци, откако патиштата низ Балканот стануваат тешки за надминување, соопшти Ројтерс.

da0a15192c9060b5ae44224bd4eb9b5a

Владите на трите балтички земји – членки на ЕУ и НАТО, стравуваат дека кај нив можат да упаднат илјаднциц бегалци од кај нивниот поранешен царски господар – Русија, кон која тие хранат историски сомневања, но и од кај Белорусија.

Овие стравувања се засилија, откако околу 6.000 баратели на азил упаднаа во Финска и Норвешка преку Русија минатата година.

Летонија и Естонија почнаа да поставуваат ограда на границата со Русија. Стотици литвански граничари, полицајци и војници пак почнаа вежба оваа оваа недела за справување со критична ситуација на границата. Повторното воведување на пасошка контрола на дел од границата со нејзиниот северен сосед Латвија исто така ќе се тренира во текот на вежбата.

“До минатата година ниту Норвешка, ниту Финска имаа некакви миграциски проблеми на границата со Русија. Одеднаш сепак миграцискиот тек на оваа граница нагло скокна само во рок од една недела, клако да се замавна со магично стапче”, рече за Ројтерс командантот на литванската гранична полиција Ренатас Позела.

Утописка жена и 8-март

Со зајакнувањето на контролата по директен пат од Грција кон континентална Европа, патот во Молдавија, Украина и кон Балтикот може да стане повеќе популарен, велат извори, цитирани од агенциите. Естонија инсталира уреди за набљудување, какви веќе има по границата меѓу Литванија и Белорусија. Со нив може да се контролира како шверцот на стока, така и илегалната миграција.

Засега бегалскиот поток оваа граница е многу слаб. Во јануари Финска ја критикуваше Русија дека дозволува на баратели на азил да преминуваат низ нејзината арктичка граница далеку на север, откако нивниот број во главниот граничен премин Сала достигна 20 лица на ден. Околу 5.000 кандидати за азил пристигнаа во Норвешка во 2015 преку во Русија од вкупно 31 000 пристигнати во земјата за целата година.

Протокот на мигранти од Русија кон Финска секна во март, тврдат финските граничари.