Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изрази загриженост поради масовните апсења во Турција по неуспешниот обид за пуч во земјата на 15 јули, истакна портпаролот на генералниот секретар, Фархан Хак.

1031026497

Тој нагласи дека Бан телефонски разговарал и со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, повикувајќи ја Анкара да ги почитува човековите права и демократските принципи, вклучувајќи ја слободата на говорот и правото на собири.

Генералниот секретар на ОН истакнал и дека е против одлуката за враќање на смртната казна во Турција.

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер, исто така, ги предупреди турските власти да не ја воведуваат повторно смртната казна, бидејќи тоа е спротивно на основните вредности во ЕУ и не може да биде предмет на размислување. Според Штајнмаер, она што се случува моментно во Турција „оди премногу далеку“.

Слични содржини