Банана мафини

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Состојки:

Тесто:

– 75 гр кокосово масло

– 170 гр мед

– 2 јајца

– 3 зрели банани

– 55 мл млеко

– 1 лажичка сода бикарбона

– 1 лажичка екстракт од ванила

– 1/2 лажичка сол

– 1 кафена лажичка мелен цимет

– 220 гр брашно

Полнење:

– 1 лажица ореви

– 1 лажица замрзнато шумско овошје

– 1 лажица темно чоколадо на парчиња

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени и ставете ги хартиените корпички во плехот за мафини.

Изметете ги кокосовото масло и медот, а потоа додадете ги двете јајца.

Изгмечете ги бананите и измешајте ги заедно со млекото.

Потоа додадете сода бикарбона, сол, цимет и екстракт од ванила.

На крајот измешајте го брашното.

Наполнете ги корпите за мафини со лажица, а потоа измешајте една лажица фил (парчиња ореви, шумско овошје или темно чоколадо) во секој мафин.

Печете 15 до 20 минути додека не добијат златна боја.

Слични содржини