Банката на Русија денес објави дека ќе ја зајакне контролата врз рударството и инвестициите во дигитални валути од 2026 година.
Ова ќе се прави според упатствата на регулаторот за развој на рускиот финансиски пазар за следните три години, објави ТАСС.
Почнувајќи од 2026 година, се планира да се обезбеди Банката на Русија редовно да добива информации во врска со активностите на рударите на дигитални валути и операторите на рударска инфраструктура, се наведува во документот, пренесува Танјуг.
Банката на Русија ќе ги следи инвестициите во финансиски инструменти, како што се деривативни финансиски инструменти, дигитални финансиски средства и хартии од вредност.
Регулаторот има намера да ги следи ризиците на инвеститорите во овие инструменти, како и барањата за откривање информации, со цел да се зголеми довербата на пазарот и да се заштитат правата на инвеститорите.