Банки даваат 300 милиони долари за зголемување на производството на вакцини

од Vladimir Zorba
247 прегледи

ХСБЦ и Азиската банка за развој (АДБ) ќе обезбедат заедничко финансирање од 300 милиони американски долари.

Целта е да им се помогне на азиските синџири на снабдување да го зголемат производствениот капацитет за вакцини против Ковид-19, изјавија претставници на двете финансиски институции.

Иницијативата се заснова на шема за поделба на ризикот што ја започнаа двете банки во јули 2020 година за да се помогне на финансирањето на опрема за лична заштита, додека тие и производителите на вакцини се натпреваруваат да ја задоволат силната глобална побарувачка што ја надминува понудата.

Потпирајќи се на кредитниот рејтинг на АДБ, заемодавателите од приватниот сектор како што е ХСБЦ можат полесно да им позајмуваат на компаниите во сложениот ланец на производство на вакцини, соопшти ХСБЦ.

Сурат Сенгупта, здолжен за финансиските институции во ХСБЦ, посочи дека во моментов побарувачката за вакцини далеку ја надминува понудата и дека еден од предизвиците е формирање мрежи за снабдување и дистрибуција, за што е потребна голема ликвидност, пренесе кинеското радио „ЦРИ“.

Заемодавачите ќе понудат средства преку трговски заеми и финансирање на сметки преку други алатки, рече Сенгупта, бидејќи земјите низ Азија се обидуваат да го скратат вообичаениот повеќегодишен временски размер потребен за спроведување на големи програми за инокулација.

Нивото на вакцинација во азиските земји многу варира, додека владите се соочуваат со ограничени залихи, рапиден пораст на побарувачката и политичко жонглирање за да обезбедат дози.

Слични содржини