БАНКРОТ ПО 38 ГОДИНИ: Се затвора познат германски трговски синџир

од Vladimir Zorba
202 прегледи

По 38 години, германскиот продавач на електроника Gravis, најпознат како партнер на Apple, ги затвора вратите. Околу 400 вработени остануваат без работа.

– По речиси четири децении бизнис, компанијата за продажба на компјутери Gravis од Берлин е пред затворање. Трговецот на електроника ќе ги затвори сите свои продавници во Германија, потврди портпаролот на компанијата.

Не се знае кога ќе бидат затворени 37-те експозитури и онлајн продавницата, но извесно е дека тоа ќе биде до крајот на годинава. Како што рече портпаролот на Gravis, сите продавници во Германија ќе бидат затворени до 31 декември.

Во последниве години, „Gravis“ не можеше да биде во чекор со брзиот развој на онлајн трговијата и променливите потреби на потрошувачите.

„Gravis“ пред неколку години беше преземена од подружницата на „Фринет“, „Mobilcom-Debitel“, но ниту тоа не му помогна на бизнисот. Напротив, резултатот е пад на продажбата во филијалите и помали маржи, особено во бизнисот со производите на Apple.

Во последниот обид да го врати успехот во бизнисот, „Gravis“ неодамна инвестираше многу во маркетингот и во обновувањето на идентитетот на брендот. Новото лого и модернизираното онлајн присуство беа наменети да привлечат клиенти и да ја поттикнат продажбата без готовина. И покрај овие напори и дискусии за можни партнерства за спас на бизнис моделот, успехот на крајот не се оствари.

„Gravis“ не е првата компанија која не успеа да го издржи зголемениот притисок на онлајн малопродажбата. Пандемијата и забрзаниот тренд на онлајн купување само ги влошија проблемите со кои веќе се мачеа физичките трговци. Дури и соработката со Apple како официјален давател на премиум услуги очигледно не можеше да го спаси Gravis од затворање на продавници.

Слични содржини