Baojun EQ200

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Baojun (создаден од соработката на американскиот GM и кинеската SAIC) на почетокот нудеше поевтини патнички модели, но потоа решија да ги таргетираат „побогатите“ сегменти.

Меѓу новите модели ќе биде и целосно електричен седан, кој засега е познат под внатрешната шифра EQ200.

Серискиот модел се очекува следната година, а ќе добие футуристички дизајн со зашилено предно и задно осветлување во форма на Т, како и камери наместо странични ретровизори.

Baojun планира да го произведува EQ200 во количина од околу 100 илјади единици годишно, но не е познато по која цена ќе им биде достапен на купувачите.

EQ200 треба да добие два електромотори (по еден на секоја оска), додека досегот со едно полнење на батеријата ќе биде околу 600 километри.

Исто така, некои неофицијални информации споменуваат дека времето за забрзување до 100 km/h ќе биде околу 5 секунди.