Baojun Yep

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Baojun (создаден од соработката на американскиот GM и кинескиот SAIC) за април и саемот за автомобили во Шангај го најавува електричниот SUV модел Yep со дизајн кој потсетува на Suzuki Jimny.

Додека ја чекаме официјалната промоција, познато е дека овој новитет ќе биде достапен со електромотор со 50 kW/68 КС и 140 Nm, батерии од 31,9 kWh, како и досег од 303 km (според кинескиот CLTC циклус).

Максималната брзина е 100 km/h, додека погонот е на задните тркала. Сепак, се најавува и посилна верзија со два електромотори и погон на четири тркала.

Што се однесува до димензиите, Yep е долг 3381 mm, широк 1685 mm и висок 1721 mm.

Засега нема слики од внатрешноста, но се очекуваат дигитални инструменти и мултимедијален систем со екран на допир.

Други детали допрва доаѓаат (вклучувајќи ги и цените), а на пазарот се очекува во мај.