Baojun Yep – првиот автомобил со надворешен екран (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Конечно го добивме, првиот автомобил со екран однадвор.

Истиот е потпишан од General Motors, а неговото целосно име е моделот Baojun Yep. Електричниот автомобил е создаден во партнерство зад SAIC-GM-Wuling, а беше претставен уште во февруари. Меѓутоа, сега доби додаток кој предизвика интерес низ целиот свет.

Новите фотографии од овој пресладок електричен мини кросовер откриваат нов детал. Освен што ова е првиот електричен автомобил во класата на минијатурни kei модели со опција за возило за испорака, Yep е и првиот што доби интерактивен екран на задната страна, пишува „Index“.

Прочитајте повеќе:

Се вели дека е инспириран од паметните часовници, па оттука и името Car-Watch. Станува збор за интерактивен модул сместен помеѓу задните светла, а подолу е панел од 1050 mm x 260 mm што симулира лента за часовник. Форматот го следи дизајнот на Apple Watch, а има димензии од 300 x 256 mm.

Car Watch првенствено е наменет за помлади сопственици кои се и активни корисници на социјалните мрежи. На екранот, освен различна графика и текст, по желба можат да проектираат и видео материјал и на тој начин да се овозможи комуникација со минувачите.

Првите примероци треба да пристигнат на патиштата во јуни, по цена од околу 14.400 долари. Ваквите возила со минијатурни димензии, со не премногу моќен погон и со малку скромен капацитет на батеријата, се исклучително популарни во Кина, пред се поради многу пристапната цена. Минијатурата на Wuling како еден од најевтините модели во Кина е на самиот врв на скалата на најпопуларните модели.