Барак Обама очекува разговор со Дејвид Камерон по гласањето за Брекзит

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Претседателот на САД е во Сан Франциско, каде треба денеска да се сретне со водечките лидери на технолошката индустрија.
обам

Американскиот претседател Барак Обама се очекува да разговара со британскиот премиер Дејвид Камерон во петокот, откако британците изгласаа за напуштање на Европската унија, пренесува AFP.
“Претседателот беше информиран за исходот од референдумот во Велика Британија, а неговиот тим ќе продолжи да го информира за развојот на ситуацијата”, се истакнува во соопштението на Белата куќа.

“Очекуваме претседателот да има можност да зборува со премиерот Каметрон во текот на денот, а исто така ќе дадеме  уште свои  коментари, кога тоа ќе биде соодветно”, се додава во изјавата.

Барак Обама во моментов е во Сан Франциско, каде треба денеска да се сретне со водечките лидери на технолошката индустрија.