Бараме санкции за полициската бруталност кон новинарите

од Vladimir Zorba
105 прегледи

ССНМ е згрозен од однесувањето на полицијата за време на синоќешните протести во Скопје во кои новинар и фоторепортер се повредени, а колегите биле влечени, бутани и кон нив се постапувало со непримерна сила и ароганција. Во ситуација кога десетици напади врз новинарски екипи не се расветлени, а сторителите не се пронајдени, синоќешните настани уште еднаш потврдија дека новинарството во оваа земја има третман на непријателска дејност и дека новинарите, снимателите и фоторепортерите се лесна мета на насилници независно дали се тие во униформа или не.

POVREDEN
СССНМ овој пат нема да праќа празни апели туку информира дека за случувањата ќе ги испита сите правни можности за покренување кривична пријава до ЕБРД за непознат сторител и пријава до внатрешна контрола на МВР. ССНМ ќе достави и извештај до сите релевантни новинарски организации кои ја бележат и рангираат состојбата и третманот на новинарството во светот. Со синоќешните напади врз новинарите Македонија се лизна уште подолу на скалата на слободата на медиумите.
ССНМ воедно порачува: Колеги БРАНЕТЕ СЕ! Покажете солидарност на теренот, не дозволувајте на никој од вас да биде применете сила, бидете заедно и чувајте се затоа што за жал полицијата иако и е тоа работа, очигледно тоа нема да го стори.