517
Ноќеска во 02.30 часот на Граничниот премин „Пелинце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(31) од Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во оперативната евиденција е на Стоп-листа, односно се бара по телеграма од Интерпол-Австрија.
„Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, соопштуваат од МВР.
Вчера пак, во 12.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Г.А.С.(54) од Република Полска, затоа што при извршена проверка било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка „апси“ по телеграма од Интерпол.