Bard е одговорот на Google на ChatGPT

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Кога јавноста доби пристап до ChatGPT на крајот на минатата година, сите аларми се вклучија веднаш се вклучија во Google – беше јасно дека на хоризонтот доаѓа нова ера на пронаоѓање и презентирање информации, домен во кој Google е неприкосновен владетел со децении.

Google брзо повика помош од самите основачи, Лери Пејџ и Сергеј Брин, со цел што поскоро да најдат адекватен одговор на заканата што им ја претставува ChatGPT.

За вештачката интелигенција на Google се разговараше и минатата година, кога инженер тврдеше дека системот развил самосвест, па јасно е дека Google не создал одговор на ChatGPT преку ноќ, пренесе Bug.

Сепак, им требаа околу два месеци за да состават нешто за што можат да тврдат дека е конкурент на глобално популарната алатка OpenAI. Нивната креација се вика – Bard, а исто така е чет-бот базиран на јазичниот модел LaMDA (Language Model for Dialogue Applications).

Целта на Bard е да ја комбинира широчината на достапното човечко знаење со моќта, интелигенцијата и креативноста на лингвистичкиот модел на вештачка интелигенција. За разлика од ChatGPT, тој може да повлече свежи податоци директно од веб и да ги користи за своите одговори.

Вештачката интелигенција на Bard ќе ги сумира најважните работи од веб на начинот на кој тоа го бара корисникот, па Google планира да ја искористи својата моќ за да ги подобри резултатите од својот главен производ, интернет пребарувачот.

Во блиска иднина, Bard треба да понуди не само резултати од пребарувањето на Интернет со линкови, туку и да обезбеди свој „поглед“ на одговорите.

Bard во моментов е достапен за мала група корисници, кои помагаат со дополнително тестирање, а ќе биде претставен и отворен за пошироката јавност во наредните недели, соопшти Google.

Слични содржини