Цените на нафтата од утрово паѓаат.
Вредноста на барелот на лондонскиот пазар од утринава изнесува 96 долари, што претставува пад во однос на вчерашниот ден.
Пазарот на криптовалути од утрово е во зелено, вредноста на биткоинот е 23.135 долари, што претставува пораст од околу 1 отсто во однос на вчерашниот ден.
Другите криптовалути исто така забележуваат раст.