Барнабаш Варга има сериозни повреди, но неговиот живот е надвор од животна опасност

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Животот на унгарскиот интернационалец Барнабаш Варга е надвор од животна опасност, соопшти Унгарскиот фудбалски сојуз.

Напаѓачот на репрезентацијата има неколку скршеници на лицето, како и потрес на мозокот. Тој ќе биде опериран и одреден период ќе остане под лекарски надзор, додаде унгарската страна.

Варга (29) се повреди на околу 20 минути пред крајот на регуларното време на натпреварот против Шкотска по жестокиот судир со противничкиот голман Ангус Ган. Тој воопшто не можеше да стане од земја, а репризите покажуваа дека лежи беспомошен на теренот. Сепак, по лекарска интервенција, фудбалерот бил изнесен на носилки и пренесен во една од болниците во Штутгарт, каде се играше натпреварот. Сигурно нема да играат повторно на ЕП 2024 доколку унгарците продолжат понатаму.

Унгарија го доби натпреварот со 1-0 со голот на Кевин Чобот во последните 10 минути од судиското продолжение и ќе чека како ќе се одвиваат натпреварите во другите групи за да дознае дали се пласира во осминафиналето.

Шкотска испадна од турнирот.