Барса го имаше бесплатно, а сега плаќа 50 милиони евра за него

од Симе Стоиков
289 прегледи

Шпанскиот репрезентативен напаѓач на Атлетик Билбао Нико Вилијамс е новата голема ѕвезда на Пиринеите. Не е тајна дека тој беше и остана голема желба на Барселона. Но, тие ќе мора сериозно да плати за него.

И негова желба е да дојде во каталонскиот клуб, но одлуката да го направи тоа го донесе на интересен начин.

Иако договорот со Баскијците му беше истечен, а можеше и без обештетување да потпише за Барса, тој не сакаше да го стори тоа.

Тој го продолжи договорот, само Билбао да заработи нешто од неговото заминување.

Клаузулата е 50.000.000 евра и токму тоа Барселона треба да го плати за неговите услуги.

Сепак, шпанските медиуми наведуваат дека Барселона токму поради ова би морала да заработи околу 200.000.000 евра за да ги покрие сите „дупки“.

Слични содржини