Барса отфрлила понуда од 222 милиони евра за Јамал

од Vladimir Zorba

Барселона ја одбила понудата од Пари Сен Жермен за чудото од дете на Каталонците Ламин Јамал, тврди „Марка“. Според изданието, Парижаните се подготвени да понудат луда понуда од 200 милиони евра за 16-годишниот мегаталент на „блаугранас“, кој синоќа со убав гол донесе победа над Мајорка.

ПСЖ се помири со загубата на Килијан Мбапе во летото и го гледа Ламин Јамал како негова идеална замена. Според информациите, францускиот шампион е подготвен да одвои 200 милиони евра за младиот талент и со тоа да биде втор најскап трансфер во историјата по Нејмар, кој исто така дојде од Барселона во Париз за 222 милиони евра.

Барселона веќе е свесна за интересот на ПСЖ за играчот и сумата која е подготвена да ја плати за него. Тоа беше една од причините зошто супер агентот Жорге Мендеш оваа недела отпатува во Барселона за да се сретне со Жоан Лапорта и да го информира за ситуацијата.

И покрај примамливата понуда и тешката финансиска состојба на Каталонците, сепак тие не се склони да се разделат со својата млада ѕвезда. Барселона полага големи надежи во Ламин Јамал, кој се смета за најголемиот талент што озлогласената школа Ла Масија го произвела уште од времето на Лионел Меси.

Продажбата на Јамал би била брзо решение за економските проблеми на Каталонците, но доколку тие толку брзо се разделат со нивниот најголем талент, тоа ќе биде лошо дочекано од навивачите. Поддржувачите очекуваат новата генерација составена од него, Педри, Гави, Кубарчи, Балде, Фермин и Роналд Араухо да ги врати славните денови за тимот. Договорот на чудото од дете со Барселона е до 2026 година, се очекува Јамал наскоро да го продолжи договорот, а неговата ослободителна клаузула да биде 1 милијарда евра.

16-годишниот суперталент на Барселона собори голем број рекорди во Ла Лига и националниот тим на млада возраст. Оваа сезона Јамал има 6 гола и 7 асистенции на 37 натпревари за Каталонците.

Слични содржини