Барса продаде дел од „Студиос“ за да ги регистрира засилувањата

од Nikola Popovski
224 прегледи

Барселона ја продолжува трката со времето за да успее да забележи голем број засилувања, кои и покрај тоа што се наоѓаа во лоша финансиска ситуација, ги донесе оваа година.

Челниците на клубот направија важен чекор. Челниците на Каталонците продадоа 24 отсто од акциите на „Барса Студиос“ за околу 100 милиони евра на Орфеус Медиа.

Сумата што ја добија треба да им овозможи да пријават дел од играчите за првиот натпревар од Примера кој утре го играат против Рајо Ваљекано.

Повеќекратниот европски шампион моментално има само 17 пријавени играчи, а приоритет е што поскоро да се потврди соработката со Андраес Кристенсен и Франк Кеси, кои можат да го напуштат клубот како слободни играчи доколку не бидат пријавени пред првиот официјален натпревар на сезона.

До крајот на преодниот рок Барса ќе се обиде да ги доведе Маркос Алонсо од Челзи и Португалецот Бернардо Силва од Манчестер Сити.

Слични содржини