БАРСА ВО ПЛУС ПОРАДИ МЕСИ: Еве колку заработија Каталонците на Аргентинецот

од Stefanija Kuzmanovska

Договорот на Лионел Меси со Барселона предизвика многу бури во фудбалскиот свет.

Кога „Мундо Депортиво“ објави детали за платата на Аргентинецот, многумина беа шокирани од сумата од 138 милиони евра, бруто.

Капитенот на Каталонците доби 115,2 милиони евра, плус уште 78 милиони колку што ќе добие за лојалност.

Сепак, и покрај сето тоа, Барселона не може да биде незадоволна, иако последниот четиригодишен договор ќе ги чини Каталонците 555 милиони евра.

Каталонскиот спорт ангажираше економски експерти кои истражуваа колку всушност Меси ја чинеше Барселона и колку шпанскиот клуб успеа да заработи од него.

Без тековната сезона, Барселона успеа да заработи дури 619 милиони евра поради Лионел Меси, а на расход отидоа 383 милиони евра, што ни кажува дека клубот од „Ноу Камп“ бил во плус од 236 милиони евра.

Слични содржини