Барселона би сакала да пазарува во Ливерпул, веќе се остварени контакти

од Nikola Popovski

Фудбалскиот клуб Барселона е заинтересиран за крилниот напаѓач на Ливерпул и колумбискиот репрезентативец Луис Дијаз, пренесуваат шпанските медиуми.

„Ас“ наведува дека каталонскиот клуб планира засилување во нападот за време на летниот преоден рок, а изборот паднал на Дијаз, кој наводно сака да го напушти Ливерпул.

Во 2022 година, колумбискиот фудбалер пристигна во Ливерпул од Порто за 45 милиони евра. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.

Шпанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на Барселона, Деко веќе разговарал со агентот на колумбискиот фудбалер.

Преговорите би можеле да продолжат во следните неколку недели. Дијаз (27) сезонава за Ливерпул одигра 51 натпревар и постигна 13 голови.

Слични содржини