Барселона му понуди договор на Агуеро, во играта и останување на Меси

од Stefanija Kuzmanovska

Барселона ова лето може да добие големо засилување во нападот.

Серхио Агуеро најави дека ќе го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната, а најголемите шанси за неговиот потпис ги има Барселона.

Најдобриот стрелец на „граѓаните“ на сите времиња (257 гола на 384 натпревари) ќе пристигне во Каталонија како слободен агент.

Како што објавија неколку истакнати новинари, како што е Фабрицио Романо, Агуеро е една од главните опции. Нико Шира, друг добро информиран новинар, објави дека Барселона му понудила двегодишен договор на Агуеро.

Да потсетиме, неодамна Лионел Меси, како еден од условите за останување на „Камп Ноу“, спомена доведување играчи од врвна класа, а покрај тоа, двајцата се одлични пријатели.

Сепак, Агуеро може да замине и во Италија затоа што Јувентус и Интер ќе се обидат да се вклучат во трката, а ќе се шушка и за Пари Сен Жермен.

Агуеро го носи дресот на Сити од 2011 година, кога пристигна од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 40 милиони.

Слични содржини